Објавено на:

Швајцарија по неколку века ја погази својата воена неутралност

t

Неутралната Швајцарија ги усвои санкциите на ЕУ против Русите вклучени во инвазијата на Украина и ќе ги замрзне нивните средства, соопшти владата во понеделникот.

Ова е нагло отстапување од традиционалната неутралност на алпската земја, пишува Ројтерс.

Во врска со руската воена агресија врз Украина, Швајцарија на 28 февруари одлучи да ги одобри пакетите санкции воведени од ЕУ на 23 и 25 февруари“, се вели во соопштението на владата.

Швајцарија, исто така, воведе финансиски санкции против рускиот претседател Владимир Путин, премиерот Михаил Мишустин и министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, кои стапија на сила веднаш.

„Швајцарија ја потврдува својата солидарност со Украина и нејзиниот народ. Ќе достави хуманитарна помош за луѓето кои побегнаа во Полска“, соопшти владата.

Швајцарскиот претседател Игнасио Касис во неделата рече дека е „многу веројатно“ Швајцарија да ја следи линијата на ЕУ.

Швајцарија помина долг пат помеѓу демонстрирањето солидарност со Западот поради сериозното кршење на меѓународното право од страна на Москва и одржувањето на својата традиционална неутралност, за која вели дека може да ја направи потенцијален посредник. Но, таа беше под зголемен притисок да застане на страната на Западот против Москва и да усвои казнени санкции против Русија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кривична против полицаец кој нападнал колеги со…

ОВР Крушево поднесе кривична пријава А.А.(51) од…

Според Календарот на МПЦ, утре се празнуваат…

Преподобен Јован Лествичник Писателот на прочуената Лествица.…

„ДПМНЕ злоупотребува болни луѓе на партиски списоци“,…

„ВМРО-ДПМНЕ во Струмица предводено од Александар Николоски…

Фуркан Салиу во „Слободен печат“: Ќе дојде…

Ќе дојде моментот кога министерот за внатрешни…

(Видео) Мицкоски добил корпа од албанската опозиција:…

Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, упатил официјална…