Објавено на:

Шефот на британската дипломатија: Путин мировните преговори може да ги искористи за да обучи повеќе војници и да произведе повеќе муниција

t

Шефот на британската дипломатија Џејмс Клевери во интервју за Телеграф предупреди дека рускиот претседател Владимир Путин би можел да ги искористи мировните преговори за обнова на армијата и покренување на нови напади.

– Путин всушност само го користи прекинот на огнот за да обучи повеќе војници и да произведе повеќе муниција и да ги обнови и да ги вооружи своите оштетени вооружени сили, посочи Кливери.

Тој додаде дека треба да се биде внимателен ако мировните преговори бидат иницирани од Путин.

Според Клевери ако Русите користат каква било пауза во борбите како покритие за повторно вооружување, може да се појават дополнителни проблеми.

– Тогаш ќе се случи повторно да ги видиме сцените на нови напади, но можеби за околу 12 до 18 месеци. Решението за ова мора да биде одржливо, мора да биде значајно, мора да биде реално. Она на што треба да внимаваме е паузата што Русија ја користи како начин да се осигура дека нејзината следна фаза на агресија е поефикасна од сегашната, истакна Клевери.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хил за протестите во Србија: Насилството и…

Американскиот амбасадор во Србија Кристофер Хил денеска…

Косовската полиција заплени воена опрема на северот…

Косовската полиција соопшти дека запленила оружје и…

БОМБА на Јакимовски: ДПМНЕ пробува да заташка…

На ул. Пиринска на 24.11. се случи…

Нова современа опрема во Градската општа болница…

Во Градската општа болница „8 Септември“ во…

Протест на студентите во Белград

Група студенти денеска го блокираа влезот во…