Објавено на:

Шефот на „Вагнер“ ја предупредува Москва: „Почнува голем украински напад“

t

Евгениј Пригожин го предупреди рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу дека Киев планира офанзива за отсекување на силите на Вагнер групата од главното тело на московските трупи. Шефот на платеничката група Вагнер на вчерашната прес-конференција тврдеше дека „се планира напад од големи размери кон крајот на овој месец или почетокот на април“.

Преземајќи го необичниот чекор за објавување на својата преписка со Сергеј Шојгу, Пригожин рече: „Ве молам да ги преземете сите неопходни мерки за да спречите отсекување на приватната воена компанија „Вагнер“ од главните сили на руската армија, што ќе доведе до негативни последици за специјалната воена операција“.

Тој додаде дека ќе го објави сопствениот план за соочување со Украина, но не откри како дознал за наводната претстојна офанзива.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Силни пораки на евроамбасадорот Гир за заштита…

На регионалната конференција во Скопје на Меѓународниот…

Со автомобил удрил 12-годишно дете во Скопје,…

Возач на автомобил вчера удрил во дете…

Уапсена Сека Алексиќ

Пејачката Сека Алексиќ ноќта меѓу саботата и…

Нов инцидент со авион „Боинг“, падна капак…

Нов инцидент на авион на компанијата „Боинг“…

Додик: НАТО ги бомбардираше Србите, Република Српска…

Претседателот на Република Српска Милорад Додик изјави…