Шеќеринска се збогуваше со Олбрајт: Имаше знаење и искуство на ветеран, но енергија, политички слух и интерес на некој кој штотуку запливал во водите на надворешната политика

t

Поранешната министерка за одбрана Радмила Шекеринска на својот Фејсбук профил посочи дека имала знаење и искуство на ветеран, но енергија, политички слух и интерес на некој кој штотуку запливал во водите на надворешната политика

„Не ми оди да напишам Rest in peace, Madeleine Albright – никогаш не личеше на жена која посакува одмор, а светот денес долго време не бил подалеку од мир. Сакам да се потсетам на впечатокот кој го имав после нашата средба пред неколку месеци. Имаше знаење и искуство на ветеран, но енергија, политички слух и интерес на некој кој штотуку запливал во водите на надворешната политика. Зборуваше за своите искуства, без да биде заглавена во минатото. Знаеше речиси се за темите кои ги отворивме, но искрено сакаше да чуе поинаков поглед или дополнителни информации. Прашуваше, знаеше, размислуваше и говореше без ракавици и флоскули“, вели Шекеринска.

Таа додава дека сретнала политичарки кои говорат за жените во политиката, но не им помагаат.

„Јасно беше дека не е таква. Го отвори патот за уште две државни секретарки по неа – изгледаше дека и двете американски партии после неа мораа да “испорачаат”. Продолжи да зборува и да им помага на многу кандидатки – со своето искуство, со препорака, со совет или посвета. Испрати порака на многу девојки и жени низ цел свет дека мора да бидат на масата на која се носат одлуки, да бидат чуени и ценети. Да ги надминат стереотипите, да ги совладаат препреките, а потоа да бидат солидарни со тие кои доаѓаат по нив. Наместо RIP – посакувам тие пораки да не ги заборавиме“, посочува Шекеринска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Апасиев: Стево прифаќал ДЕБАТА, ама не одел!?

Лидерот на политичката партиј Левица, Димитар Апасиев…

Ковачевски му одговори на Мицкоски: Јас не…

Нема да дозволиме, порача лидерот на СДСМ…

Димитриевски напаѓа нов рекорд во Рајо Ваљекано!

Рајо Ваљекано не игра блескава сезона, но…

55-годишен скопјанец физички нападнат од три лица

55-годишен скопјанец пријавил во полиција дека бил…

Дмитро Кулеба ги дефинираше петте главни цели…

– Министерот за надворешни работи на Украина…