Шок терапија: МПЦ и СПЦ имале тајна средба – блиску се до решение на проблемот со црквата?

t

Македонската православна црква – ОА и Српската православна црква, по долги години прекин на комуникацијата, минатиот викенд повторно седнале на заедничка маса. Средбата, која се одржала далеку од очите на јавноста, на која присуствувал Српскиот Патријарх Порфириј се била во Ниш, објави религија.мк

Веста за враќањето на дијалот на маса ја објави, Зворничко-тузланскиот епископ Фотиј, денеска на прповед по литургијата за Свет Ѓорги.

Српскиот епископ не открива кој се бил во делегацијата на МПЦ-ОА, ниту пак во делегацијата на СПЦ, во од говорот може да се забележи дека присуствувал Спрскиот патријарх Порфириј и тој, како епископ член на Синодот на СПЦ.

Сепак она што е обележување е оптимизмот со кој епископот Фотиј зборува за резултатите од средбата. Според него можно е уште овој месец на мајскиот Собор на СПЦ во Белград, МПЦ-ОА да се врати во канонско единство со СПЦ.

Што подразбира тоа, и за какво канонско единство, што е договарано и на што се согласиле македонските владици, г. Фотиј не открива, но вели сека сега е можноста расколот од 1967 година да се реши.

Во продолжение целата изјава на Епископопот Зворничко-тузлански, г. Фотиј.

-Како дел од Синодот на СПЦ, бев во придружба на неговата Светост овие денови. Првиот ден имавме средба со претставници на Македонската Православна Црква во Нишката епархија. Тоа е еден интересен дијалог на љубов, вера и надеж и се надеваме, ако даде Бог, можеби може да се случи, но прво треба сите ние да се молиме на Бога, Македонската парваославна црква, односно Охридската Архиепископија, во мај месец на овој Собор во Белград, повторно да се врати во канонско едниство со Српската православна црква, а со тоа во канонско единство и со сите помесни православни цркви. Тоа е голем предизвик што стои пред нас, ако даде Бог по молитвите на Владиката Николај, Охридски и Жички, по молитвите на Светите Кирил и Методиј, Светите Климент и Наум и други светители, Свети Сава Српски, да се воспостави тоа единство, да се залечи тој раскол кој постои од 1967 година. Сега сме тука на прагот, тој да се реши ако Бог даде, затоа апелирам да му се молите на Бога, сите вие и сите ние, за да се реши тоа за Слава на Бога и за добро на нашите свети цркви. Но и за добро на нашиот српски народ и за добро на македонскиот народ, кои се два братски народи, вели г. Фотиј.

Оваа средба доаѓа по неодамнешната покана на СПЦ до МПЦ-ОА да се сретнат делегации, а меѓу нив и поглаварите на двете цркви пред нова година, но таквата средба беше пролонгирана. Една од причините беше што по сугестија на Вселенскиот Патријарх Вартоломеј, средба на двете делегации требаше да биде одржана во Вселенската патријаршија. Што се случили во меѓувреме е непознато.

Враќање во канонско единство со СПЦ е клучното барање на СПЦ сите изминати години, но никогаш немаше никакви гаранции дали и кога МПЦ-ОА ќе признавање на автокефалниот статус. Поради тоа пред четори години МПЦ-ОА покрена барање за апелација пред Вселенската Патријаршија кое беше ставено во процедира. Еден од клучнит аргументи на МПЦ-ОА е токму фактот што СПЦ повеќе од 50 години нема реална јуриздикција на територијата на Македонија. Одлука за враќање во канонско едиснтво со СПЦ, без коориднација со Вселенската патријаршија, може да го елиминира тој континуитет на немање формлана власт врз епархиите во Македонија. На крајот од процесот за Автокефалност, сепак одлуката треба да ја носи Вселенскиот Патријарх.

Дополнително интересен за анализа е тајмингот кога се случува оваа средба и ова возобновување на дијалогот меѓу двете цркви и тоа со оптимизам за решение. Тоа е период кога поради руската инвазија на Украина, Руската православна црква ја изгуби целата поддржка во Православниот свет, а единствена црква која се уште не ја осуди РПЦ е СПЦ.

Во продолжение и видео од изјавата на српскиот владика. Од 1,12 минута до 2,49 минута.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Чистокрвен „Бугарин“: Новинари на „Фикс фаре“ купиле…

Најпопуларната истражувачка програма „Фикс фаре“ на Топ…

(Видео) Падна и првото запросување пред елката…

Новогодишната елка на плоштадот во Скопје која…

Зеленски: Го прашав Орбан зошто не поддржува…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски откри дека го…

Бомба од Макрон: Ќе го покани Путин…

Францускиот претседател Емануел Макрон не исклучува дека…

Премиерот Димитар Ковачевски во битолско посети млекарница

Премиерот Димитар Ковачевски во Битола ја посети…