Објавено на:

Шојгу го информирал Путин дека Луганск е под руска контрола

t

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу го информирал рускиот претседател Владимир Путин дека целата област Луганск е под руска контрола, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.

Во соопштението се наведува дека Шојгу го информирал врховниот командант на вооружените сили за „ослободувањето“ на Луганск. Луганск е регион во источна Украина кој од самиот почеток е цел на руска агресија.

Понатаму се посочува дека резултат на успешната воена активност на руските вооружени сили со борбените единици на ЛНР е воспоставување целосна контрола врз градот Лисичанска и бројните околни населби, од кои најголеми се Билохоривка, Новодружеш, Малорјазанцеве и Била Хора.

Во соопштението се додава дека во текот на изминатиот ден е обезбедена територија од околу 182 квадратни километри.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Генерален штрајк во Грција

Синдикатот на вработените во приватниот сектор во…

Кирби: Бајден е против одделни пакети помош…

Портпаролот на Белата куќа за национална безбедност…

Денеска се празнува Преподобен Јосиф Песнописец

Роден е во Сицилија од благочестиви и…

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Променливо облачно со повремени врнежи…

Времето ќе биде променливо облачно со повремени…

Украина го претстави новото најсовремено нападно беспилотно…

Ново, најсовремено украинско нападно беспилотно летало беше…