17 осомничени за бомбашкиот напад во Истанбул одат во притвор!

t

Турскиот суд нареди притвор на 17 осомничени во врска со бомбашкиот напад во Истанбул во неделата, обвинувајќи ги за напад врз националното единство, убиство со умисла и обид за убиство, јави денеска турската државна агенција „Анадолија“.

Судот ослободи уште тројца осомничени од притвор до почетокот на судењето, а исто така нареди од Турција да се депортираат 29 лица уапсени од полицијата во врска со нападот во Истанбул, пренесе АП.

Обвинителите поминаа околу пет часа на испитување на главната осомничена за нападот, Ахлам Албашир, Сиријка обвинета дека ја оставила бомбата полна со ТНТ на авенијата Истиклал, при што таа призна дека оставила торба со експлозивна направа на улична клупа, но тврдеше дека не знаела што има во неа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Турција згрме: Ќе преземеме мерки ако Грција…

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу…

Тепачка во турскиот парламент за време на…

Пратеник од опозицијата е хоспитализиран во Турција…

САД и Русија ќе ја убедуваат Турција…

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин вчера…

Песков: Русија и Турција имаат несогласувања но…

Русија и Турција се способни да ги…

Спречен терористички напад на Турски тек!

Федералната служба за безбедност на Русија (ФСБ)…