17 осомничени за бомбашкиот напад во Истанбул одат во притвор!

Турскиот суд нареди притвор на 17 осомничени во врска со бомбашкиот напад во Истанбул во неделата, обвинувајќи ги за напад врз националното единство, убиство со умисла и обид за убиство, јави денеска турската државна агенција „Анадолија“.
Судот ослободи уште тројца осомничени од притвор до почетокот на судењето, а исто така нареди од Турција да се депортираат 29 лица уапсени од полицијата во врска со нападот во Истанбул, пренесе АП.
Обвинителите поминаа околу пет часа на испитување на главната осомничена за нападот, Ахлам Албашир, Сиријка обвинета дека ја оставила бомбата полна со ТНТ на авенијата Истиклал, при што таа призна дека оставила торба со експлозивна направа на улична клупа, но тврдеше дека не знаела што има во неа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
103 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ ќе ѝ требаат на…
Штетите предизвикани од катастрофалните земјотреси во Турција…
Нов силен земјотрес во Турција!
Земјотрес со јачина од 4,8 степени денеска…
Ердоган: Бројот на загинати во земјотресите достигна…
Разорните земјотреси што ја потресоа Турција во…
Силен земјотрес повторно ја стресе Турција
Земјотрес со јачина од 4,4 степени според…
ЕБОР ќе инвестира 1,5 милијарди долари за…
Европската банка за обнова и развој најави…