18 годишен битолчанец во бессознание итно пренесен во Скопје, полицијата откри детали

t

На 25.03.2025 во 20.40 часот во СВР Битола, од Клиничка болница Битола било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди и во бессознание бил донесен А.М.(18) од Битола, кој потоа, поради сериозноста на повредите, бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Полициски службеници од СВР Битола преземале мерки и било дојдено до сознание дека тој се здобил со повредите при пресметка со В.И.(18) од Битола, кој, исто така, бил пренесен во Клиничка болница Битола со повреди од остар предмет.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…