180 позитивни од 2 880 тестови, нема починати од КОВИД-19

Министерството за здравство информира дека во последните 3 дена (од 24.06 до 26.06.2022) направени се 2.880 тестови, а регистрирани се 180 нови случаи на КОВИД-19.
Скопје – 118, Охрид – 12, Кавадарци – 8, Тетово – 6, Битола и Струмица – по 5, Штип и Неготино – по 4, Прилеп и Кочани – по 3, Куманово, Велес, Гостивар и Кичево – по 2, Струга, Ресен, Радовиш и Делчево – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (180), регистрирани се 29 реинфекции.
Регистрирани сe 153 оздравени пациенти од: Скопје – 70, Куманово – 20, Битола – 9, Охрид – 7, Велес – 6, Струмица, Штип и Дојран – по 5, Прилеп – 4, Струга, Свети Николе и Македонски Брод – по 3, Гостивар, Кичево и Ресен – по 2, Кавадарци, Тетово, Кочани, Виница, Кратово, Крушево и Демир Капија – по 1.
Во текот на изминатите 3 дена (од 24 до 26.06.2022) не е пријавено ниту едно починато лице. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин не се регистрирани починати лица.
Направени се 2.880 тестови преку: ИЈЗ-170, ЦЈЗ Скопје-32, ЦЈЗ Битола-24, ЦЈЗ Прилеп-15, ЦЈЗ Тетово-12, ЦЈЗ Куманово-19, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–78, Жан Митрев (Филип Втори)-40, Авицена-29, Биотек-94, Систина-55, лабораторија Лаор-356, Синлаб-3, Ремедика-2, Плодност-16, Генеа-9, Никоб Лаб-516, ВФВ Медикал-14, Ели МедикаПлус-17, Ројал Медика–2, Спектра-ММ-3, Рапид Лаб–12, Жан Митрев Струмица–3, Нова Лаб Дијагностика–3, Рамус-12, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 1.344.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Османи: “Северна Македонија деновиве е претворена во…
„Северна Македонија деновиве е претворена во центар…
Мирот, стабилноста и безбедноста се осигурани за…
Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ,…
Бугарските историчари што прогласија победа се маргинализирана…
Сега беше објавен првиот Протокол од 2019…
Значи не постоеле?! Македонскиот дел од Комисијата:…
По објавените решенија на Заедничката мултидисциплинарна комисија…
Бугарија будно следи: Засега немало да се…
Софија ги регистрира критиките во македонската јавност…