Објавено на:

180 сообраќајни прекршоци во Скопје

t

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (19.05.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 180 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 12 санкции, 44 мерки за прекршоци што ги прават пешаците, 12 мерки за возење без возачка дозвола.

Изречени се 11 мерки за користење на мобилен телефон, седум санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, пет мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири санкции за возење под дејство на алкохол, девет мерки за недавање првенство на минување на пешаци, шест санкции за некористење сигурносен појас…


Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Приведен криминалец од Грчец баран со потерница

Денеска (24.06.2022) во 12.20 часот во Скопје,…

МВР продолжува да ги ровари кафичите: Во…

Вчера вечер, седум лица во скопски локали…

Спасовски: МВР е посветено кон натамошното развивање…

Министерството за внатрешни работи е посветено кон…

Скопјанец со возило удри во полицаец

На 15.06.2022 околу 14.45 часот на крстосница…

Починат маж пронајден во Кисела Вода

Починат маж вчера попладне бил пронајден во…