Објавено на:

208 сообраќајни прекршоци во Скопје

t

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (05.06.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 208 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 29 санкции, 12 мерки за возење без возачка дозвола, 99 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.

Изречени се осум мерки за нерегистрирани возила, 18 санкции за возење под дејство на алкохол, четири мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), шест санкции за возач почетник…

-Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, информира МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп повеќе од 440 пати се повикал…

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп повеќе од…

Србија ја укина забраната за извоз на…

Владата на Република Србија на денешната седница…

Ковачевски: Можност Македонија да биде мапирана од…

Во Република Северна Македонија првпат ќе се…

Гласачките ливчиња за изборите на 20 август…

ДИК ги усвои измените на финансискиот план,…

До крајот на неделата се очекува разрешница…

Нема простор за паника, бидејќи не се…