21-годишник од Штип со пиштол пукал кон сограѓанин

t

МВР информира дека вчера во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Р.Х.(21) од Штип.

Тој се сомничи дека, по претходна расправија и поради нерасчистени должничко – доверителски односи, од пиштол пукал кон П.Ј.(26) од Штип, но не го погодил.

Од него биле одземени пиштол „зораки мод 914″ и една рамка за куршуми, а при увидот на местото биле пронајдени три чаури калибар 9 мм.

Исто така, при претрес во неговиот дом биле пронајдени и одземени повеќе од 70 куршуми различен калибар.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

21-годишник од Штип со пиштол пукал кон…

МВР информира дека вчера во Штип, полициски…

Штипскиот Универзитет прими над 20 студенти преку…

Над 20 студенти од неколку европски држави…

Хероин пронајден кај затвореник во Штип

СВР Штип поднесе кривична пријава против М.Ш.(26)…

Штипските пензионери протестираа за линеарно покачување на…

Штипските пензионери со транспаренти, но и со…

Пензионери од Свети Николе го блокираа патот…

Пензионери од Свети Николе денеска го блокираа…