22-годишниот прилепчанец кој почина од ковид-19 не бил вакциниран и боледувал од дијабетес

t

Дваесетидвегодишниот прилепчанец кој денеска почина од ковид-19, имал дијабетес, примал инсулин и не бил вакциниран, соопшти Министерството за здравство.

„Според информациите од установите каде е третиран, 22-годишниот пациент бил пренесен во Градската општа болница (ГОБ) ‘8 Септември’ од Прилепската болница со тешка кетоацитоза, pH вредност 6.8, со многу висока гликемија и висока температура од 39 степени. Пациентот боледувал од дијабет тип два и бил на терапија со инсулин. Од прегледот на историјата на пациентот и контактот со лекарите кои го следеле, има податок дека нередовно употребувал инсулин и не одел на контролни прегледи. На рентген при прием му била утврдена билатерана бронхопневмонија, а за време на болничниот престој има тахикардија“, вели Министерството за здравство.


И покрај сите напори на медицинскиот персонал, за жал, пациентот починал. Тој е меѓу вкупно 27-те починати за 24 часа, од кои кај 24 се регистрирани коморбидитети, а шест се целосно вакцинирани. Регистрирани се и уште 1.861 новозаразени од 5.446 тестови, од кои 242 се реинфекции, од кои една е втора реинфекција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јаневски: Лажат дека не преговараат за јазикот…

Се собираме да кажеме не за ваков…

Димитриевски до Османи: Секој стап има два…

Во своето гостување на Сител ТВ во…

(Фото) Одново голем број на македонски граѓани…

Пред Владата во тек е сенародниот протест…

Маричиќ: Македонскиот јазик е впишан како што…

Сметаме дека овој предлог ги обезбедува нашите…

Марко Пејчиновски го заврши четврто препливување за…

Младиот пливач-маратонец Марко Пејчиновски уште еднаш ја…