24-часовен штрајк на бродскиот сообраќај во Грција

Траектите во цела Грција денеска ќе останат закотвени на пристаништата поради 24-часовниот штрајк организиран од Грчката поморска федерација поради убиството на 36-годишниот маж, кој минатата недела трагично го загуби животот откако беше турнат од член на екипажот додека се качуваше на бродот за Крит, јави дописничката на МИА од Атина.
Од федерацијата, штрајкот го закажаа минатата седмица, започна денеска една минута по полноќ и ќе трае во текот на целиот ден, а по трагичниот случај велат дека за жал, уште еднаш беше констатирано дека „несоодветната имплементација на законите и регулативите кои се однесуваат на безбедноста на поморскиот превоз и на пристаништата може навистина да доведе до катастрофални резултати“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Силен земјотрес во Грција
Земјотрес со јачина од 4,1 степени според…
(Видео) Македонска народна музика ечи низ улиците…
Низ улиците на Солун ечи народна македонска…
АЈ НА ЗДРАВЈЕ ГРЧКО ВЕТО ЗА АЛБАНИЈА
Грчко вето за пристапните преговори на Албанија. …
Грчкиот премиер збесна откако Велика Британија ненадејно…
Атина изрази „навреденост“ од премиерот Риши Сунак…
Грците го прекинаа транспортот на руската нафта…
Група големи грчки бродски компании ги суспендираа…