28 мигранти од Сирија пронајдени во Македонија

На 08.09.2023 во 19:00 часот на автопатот А1, на наплатна рампа „Демир Капија“ во правец Гевгелија-Скопје, од полициски службеници од Полициска станица Богородица при Регионален центар за Гранични работи Југ е лишен од слобода Р.К.(32) од Струмица.
Во товарно моторно возило „мерцедес спринтер“ со кочански регистарски ознаки, кое тој го управувал, биле пронајдени 28 лица мигранти од Сирија кои ги превезувал. За настанот е известен Јавен обвинител, а лицата мигранти се сместени во Центар за странци Гази Баба Скопје и ПТЦ Винојуг Гевгелија за понатамошна постапка.
Р.К. е предаден на полициски службеници од Полициска станица Неготино и против него ќе биде поднесен соодветен поднесок поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „криумчарење на мигранти“ казниво по чл. 418 б од Кривичниот законик.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Американски топ дипломат го уништи Христијан…
Заменикот на државниот секретар на САД, О'Брајан…
Ковачевски: ДПМНЕ го кочи европскиот пат на…
Одговорноста има име и презиме, тоа е…
(Видео) Спречен нелегален влез на шест мигранти…
Мобилен тим при Секторот за контрола и…
Претходница на возило што криумчарело мигранти бегајќи…
На 12 ноември, околу 05.30 часот на…
Орбан за мигрантите: Не сакаме тероризам и…
Унгарскиот премиер Виктор Орбан продолжи со своите…