37-годишник со туѓи податоци и лажен профил на Фејсбук нарачувал производи онлајн

СВР Штип поднесе кривична пријава против В.С. (37) од Кочани, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“.
-Во временски период од 03.10.2022 до 21.11.2022 пријавениот, без знаење и дозвола на П.Д. од Штип, ги обезбедил и искористил неговите лични податоци и телефонски број и извршил онлајн нарачки на разни производи од 20 правни лица на 34 производи, кои од негова страна не се подигнати
Покрај ова пријавениот, повеќе пати се обидел во име на оштетениот да се регистрира на веб страната на телефонски оператор, каде во негово име регистрирал и четири телефонски броеви. Исто така пријавениот, креирал и профил на социјалната мрежа „Фејсбук“, информира МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Државниот пазарен инспекторат извршил над 500 инспекциски…
Државниот пазарен инспекторат во периодот од 20…
37-годишник со туѓи податоци и лажен профил…
СВР Штип поднесе кривична пријава против В.С.…
Вашингтон со апел до своите граѓани: Веднаш…
„Американските граѓани кои живеат или патуваат во…
,,По победата во Бахмут, на светската шаховска…
Основачот на Вагнер, Евгениј Пригожин ги коментираше…
(Фото) Вучиќ го прошета Ковачевски по „Белград…
Претседателот на Србија Александар Вучиќ вечерва заедно…