55 милиони евра испрани во Македонија од илегална коцка!

Една милијарда турски лири (55 милиони евра) е проценетата вредност на криминалот на бандата „Тотобо“ која своите операции со илегално обложување ги вршела во Турција, Германија и Македонија, пишуваат турските медиуми.
По 8-месечно следење полицијата од Истанбул приведе 59 членови на бандата и нејзините водачи.
Операцијата продолжува, соопшти турската полиција која вели дека се работи за една од најголемите операции во сузбивање на нелегалното обложување. Екипите на истанбулската полиција од одделот за кибернетски криминал вчера извршиле координирани операции во 8 градови. Приведен бил и водачот на бандата Озкан Г.
По следењето на сметките на членовите на бандата утврдено било дека за период од околу една година оствариле промет од 1 милијарда лири кои биле испратени во странство. Парите преку криптовалути биле префрлени во Македонија.
Турската полиција се сомнеав дека дел од овие пари завршувале и кај членови на терористичка организација.
Фото: Принтскрин
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филипче соопшти 19 кандидати за градоначалници од…
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска соопшти…
Поранешниот директор на Oнкологија, Васев и организацискиот…
Поранешниот директор на Клиниката за радиотерапија и…
Русија тестира вакцини против рак
Русија започна клиничко испитување на новата онковакцина…
Силно невреме со град го погоди Охрид
Околу 16 часот попладнево, силно невреме со…
Чупиќ нов тренер на Вардар
Прославениот хрватски ракометар Иван Чупиќ денеска е…