Бертончини: Бугарија скапо ќе ја чини задржувањето на ветото, не може да си го дозволи тоа

Претседателот на европското движење во Франција, Ив Бертончини вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека можеби за жал темата за нови членки во Европската Унија не е популарна тема затоа што во Франција има една своевидна носталгија за помала Европа која што би наликувала на Франција.
„Но поголема, и немаат ништо против Северна Македонија, но Французите ја сакаат повеќе Унијата од претходно. Но, откако сме го кажале тоа, претседателот на француската Република беше јасен, претседателските избори се зад нас и тој нема никаква дополнителна причина дури и ако сака да управува со јавното мислење, сега тој има геополитичка визија за нештата и мислам дека истото се случува и со Данска и со Холандија затоа што работите многу се променија со војната во Украина и сега треба Европа да се зајакне, да се зајакне нејзината сувереност спроти руската агресија но и спроти други опасности, на пример зголемената моќ на Кина и така натаму“, вели Бертончини.
Според него, „ако Бугарија е задоволна што постои тој билатерален спор, а сепак има преговори што се водат со Северна Македонија и ако тие преговори успеат и ако Бугарија во таков контекст и со толкав геополитички притисок ако сака да го задржи своето вето, политички ќе ја чини многу скапо“.
„Но јас не мислам дека таа може да си го дозволи тоа“, вели Бертончини.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Анкета: Половина од Американците сметаат дека истрагата…
– Околу половина од Американците веруваат дека…
Денес се празнуваат Светите четириесет маченици во…
Сите овие беа војници во римската војска,…
Метео: Променливо време со сончеви периоди
Променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне во…
Припадници на затворската полиција од Идризово знаеле…
Се истражува дали затворски службеници биле вклучени…
Газдите на Вардар и Пелистер апелираат за…
Двата големи ривали Вардар и Пелистер, кои…