Објавено на:

70 протерани дипломати од руската амбасада во Софија денеска со два авиони ќе се вратат во Русија

t

Два авиони на Руската Федерација денеска во попладневните часови се очекува да пристигнат на аеродромот во Софија за да ги однесат протераните 70 дипломати и вработени во руската амбасада и нивните роднини, јави БНР.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, според непотврдени информации, вкупниот број руски државјани кои ќе ја напуштат Бугарија е над 100 лица.

Двата лета се закажани за денеска попладне.

Бугарскиот премиер во заминување, Кирил Петков, на 28 јуни соопшти дека неговата земја протерува 70 руски дипломати и технички персонал од руската Амбасада во Софија. Исто така се протерува и перосналот на руските генерални конзулати во Русе и Варна.

Главниот аргумент на бугарските власти за прогласувањето на повеќе од овие 70 руски дипломати за персона нон грата е тоа што тие се занимавале со активности некомпатибилни со нивниот дипломатски статус и со шпионажа.

Ова најмасовно протерување на руски дипломати од Бугарија доведе до влошување на односите меѓу владејачката партија „Промените продолжуваат” и Бугарската социјалистичка партија, при што Корнелија Нинова побара премиерот во заминување да се повлече од функцијата кандидат за премиер во втората влада на неговата партија.

Истовремено, руската амбасадорка Елеонора Митрофанова и постави ултиматум на бугарската Влада да остави зад себе дел од дипломатите на нејзината земја и се закани дека Русија може да ги прекине дипломатските односи со Бугарија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: Препораките на комисијата се според принципот…

Препораките на мешовитата комисија за историски прашања се на принцип…

Бугарското МНР ја охрабрува комисијата да работи…

Бугарското МНР објави соопштение со протоколите од…

Ѓоргиев: Препораките за заедничко чествување и промената…

Идентитетите во средниот век и сегашните национални…

Како да е проколнат: Се запали автобус…

Повторно затворен автопатот Тракија кај Бургас поради…

Ѓоргиев: Периодот на 19 и 20 век…

Доколу нема договор, Комисијата по секоја цена…