Пентагон ја укина задолжителната вакцинација на војниците против Ковид-19
Пентагон ја укина задолжителната вакцинација против Ковид-19 за сите припадници на вооружените сили на САД, која претходно беше воведена од администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден.
Американскиот секретар за одбрана, Лојд Остин, вчера, во меморандум, изјави дека военото раководство продолжува да ги охрабрува сите припадници на вооружените сили да се вакцинираат и да добијат дополнителни дози, но дека повеќе нема да ги отпуштаат оние што одбиваат да се вакцинираат од религиозни, административни или од медицински причини.
Во август 2021 година Бајден нареди сите 1,3 милион активни членови на вооружените сили на САД да бидат вакцинирани против Ковид-19, со противење на републиканците.
Воените претставници се соочија со неочекуван отпор меѓу војниците за задолжителната вакцинација, а републиканците побараа од Бајден да ја повлече наредбата како дел од компромисот за време на усвојувањето на Законот за овластување за национална одбрана за фискалната 2023 година, што американскиот претседател го потпиша во декември.
Според Министерството за одбрана, оттогаш биле отпуштени 3.717 маринци, 1.816 војници и 2.064 морнари бидејќи одбиле да бидат вакцинирани.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…