Зеленски во посета на Италија и Германија
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска ќе го посети Рим, каде се предвидени средби со највисокиот политички врв, а најверојатно ќе се сретне и со поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск.
Неименуван италијански претставник потврди дека Зеленски ќе се сретне со претседателот на Италија, Серџо Матарела и со премиерката Џорџа Мелони, која во февруари го посети Киев. Извор близок до Ватикан истакна дека е можна средбата на папата со Зеленски. Папата Франциск во април го прими украинскиот премиер Денис Шмигал.
Зеленски од Рим ќе отпатува за Германија, каде ќе се сретне со канцеларот Олаф Шолц и претседателот Франк-Валтер Штајнмајер.
Претседателот на Украина утре во Ахен ќе ја прими наградата Карло Велики за придонес за европското единство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Aмериканците кренаа раце од нас? Хил: САД…
Поранешниот амбасадор на САД во Србија смета…
„Вината за Кочани е во врвот на…
„Речиси четири месеци, Мицкоски и Тошковски се…
Тошковски: Ја намаливме стапката на криминал во…
Панче Тошковски, министер за внатрешни работи, во…
(Видео) Снимен земјотресот во Охрид утринава
Краток, но силен земјотрес утрово во 04:35…
„Кој е следен“ за изјавата на Мицкоски:…
Од граѓанската иницијатива „Кој е следен?“ испратија…