Објавено на:

Aмериканците упopни: Не се откaжувaaт од почетокот на преговори на Македонија со ЕУ

t

Заменик – помошникот на државниот секретар на САД за Западен Балкан Габриел Ескобар, за Гласот на Америка на македонски, рече дека зборувал со Франција за пристапните преговори на Македонија со Европската Унија, и оти верува дека може да се постигне договор за кусо време.

Веќе зборувавме со Франција. Ставивме јасно до знаење дека ние веруваме дека членството во ЕУ за сите држави од Западниот Балкан е од суштинско значење за сите нас. Веруваме дека тие се дел од Европа, веруваме дека како што ги исполнуваат условите со затворање на поглавјата треба да бидат се` повеќе интегрирани во ЕУ и мислиме дека тоа ќе биде решение за сите држави. Секоја држава што влегла во ЕУ станала подемократска, попросперитетна и постабилна.


Пристапниот процес на Македонија во ЕУ треба да го реши Европа. Сепак, ние силно ја поддржуваме кандидатурата на Македонија за ЕУ, веруваме дека има завршено огромна работа, таа е веќе европска држава, културно и историски европска држава. Оттаму, сакаме да видиме да го почне процесот што е можно побрзо, рече Ескобар.

Целиот текст овде.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се огласи руската амбасада во САД: Институциите…

Руската амбасада во Соединетите Американски Држави ги…

Започнува зрачењето: Три компании во трка за…

– По завршувањето на јавната расправа до…

Бугарскиот амбасадор во САД: Има обид да…

„Има обид да се протурка резолуција со…

Лозарите оставени на цедило: Нема договор за…

По соопштението на ВВ „ Тиквеш “„за…

Работник во Македонија почина од струен удар

МВР објави дека работник во фабрика во…