Aпасиев: После Левица ви била проруска…

Алтернатива на Гаши воспостави прекрасна пракса во социјалдемократското слугување на бализмот = “колку пратеници, толку министри”!, коментира лидерот на Левица и пратеник Димитар Апасиев.
Замислете, партија со тројца пратеници во Собрание, држи три министерства во Влада и десетици директори, меѓу кои и на КПД Идризово, каде вчера најдоа дрога и оружје. И овие биле за ЕУ, ама Левица била проруска!?, додава тој.
Откако вчера пратеникот Скендер Реџепи – Зејд ја напушти матичната партија, Алтернатива со тројца пратеници сега има дури три министерски места: министер за здравство, потоа за информатичко општество и администрација и министер без ресор, за дијаспората. Партијата на Африм Гаши доби и значајни директорски места, меѓу кои и на затворот Идризово, на Управата за водење матични книги и други.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
На раб на катастофа: Експлозии одекнаа во…
Неколку експлозии одекнаа во близина на нуклеарната…
Украинците уништија едно од седиштата на Вагнер
Шефот на украинската воена управа во Луганск,…
Ѓоргиев: Периодот на 19 и 20 век…
Доколу нема договор, Комисијата по секоја цена…
Српски виролози: Европрајд е потенцијална епидемиолошка бомба…
Предупредување од српски виролози: Европрајд е потенцијална…
Зијан одмор: Повторно оштетени македонски возила во…
Шест македонски возила изгребени со остар предмет…