Aрсовска инвестираше во милионски проект во Горно Лисиче

Инвестираме во реконструкција на водоводната мрежа за поквалитетно водоснабдување во населбата Горно Лисиче.
Денеска заедно со градоначалникот на општина Аеродром, Тимчо Муцунски и директорот на ЈП Водовод и канализација, Златко Перински, извршивме увид во започнувањето на градежните активности за реконструкција на водоводната мрежа на улицата Ѓорѓи Капчев и нејзините четири краци во населбата Горно Лисиче во општина Аеродром.
Со реконструкцијата на водоводната мрежа на улицата Ѓорѓи Капчев овозможуваме поквалитетно водоснабдување за жителите од овој дел на Аеродром, а стотици жители од населбата Горно Лисиче конечно добиваат соодветно приклучување на градската водоводна мрежа.
Вкупната заедничка инвестиција на Јавното претпријатие на Град Скопје Водовод и канализација и Општина Аеродром за реализација на овој инфраструктурен проект изнесува над 9 милиони денари.
Фејсбук статус на градоначалничката Данела Арсовска
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филипче: Добро е што Мицкоски сфатил дека…
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче преку својот…
Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…
Канада објави нов пакет одбранбена помош за…
Мицкоски ја направи Македонија понижена, наместо горда
Мицкоски ветува промени кои наводно ги направил…
Крвав хорор со ножеви во Чаир –…
Во крвава тепачка во која биле користени…
СДСМ: За врховистот Мицкоски, Македонија е кауза…
ВМРО-ДПМНЕ не е никакво продолжение на историското…