Aрсовска се сретна со американската амбасадорка Брнз

Попладнево градоначалничката на Градот Скопје, Данела Арсовска оствари средба со амбасадорката на Соединетите американски држави, Мери Кејт Брнз.
Средбата се одвиваше во рамки на настанот на кој се потпишуваше Меморандумот за соработка помеѓу Градот Скопје и Агенцијата на Соединетите Американски Држави за меѓународен развој.
Овој проектот е со цел воспоставување ново партнерство и овозможување подобро општинско буџетирање.
-Како претседателка на ЗЕЛС и градоначалничка на Скопје, во континуитет се залагам за создавање на поефикасни и поефективни институции на локално ниво, но мора и да се потенцира потребата од континуиран развој на политиките кои се воспоставуваат на национално ниво, со цел градење подобра соработка меѓу институциите од националната и локалната власт, како и за зајакнување на ефективноста и транспарентноста во работењето на општините, истакна Арсовска.
На потпишувањето на меморандумот за соработка помеѓу Град Скопје и USAID, Арсовска во срдечна и пријателска атмосфера поразговара со амбасадорката на САД.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ќерката на еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ…
Пишува Мери Горгиевска (Посветено на осумте индивидуи…
(Фото) Македонската фудбалска репрезентација со нови дресови…
Фудбалската федерација на Македонија и техничкиот партнер…
АЗЕРБЕЈЏАН И ЕРМЕНИЈА ПРЕД НОВА ВОЈНА: Баку…
Тензиите меѓу Азербејџан и Ерменија за спорниот…
Си го покани Путин да ја посети…
Кинескиот претседател Си Џинпинг, кој е во…
Краделе од модуларната болница: Фатени двајца крадци…
По преземени мерки и активности, полициски службеници…