Aрхиерејска панагија подарок за вселенскиот патријарх Вартоломеј за неговиот именден

t

Утрово во Фанар, во Соборниот храм на Вселенската Патријаршија, посветен на светиот Георгиј Победоносец, се одржа празнична Божествена Литургија по повод именденот на Вселенскиот Патријарх Вартоломеј.

На богослужбата молитвено присуство имаа и Архиепископот Охридски г. Стефан, митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, како и епископот Хераклејски Климент и епископот Антаниски Партениј.
Храмот на Победоносецот беше исполнет со огромен број на гости, меѓу кои многумина од Република Северна Македонија, кои се тука по повод значајните настани кои деновиве се случуваат во древниот Фанар.

Во своето денешно обраќање кон Вселенскиот Патријарх Вартоломеј, Архиепископот Стефан меѓу другото истакна:

„Како првојерарх на Охридскиот престол, од името на свештениот синод, на свештенојерархијата, на монаштвото и на верниот народ, како и од свое име, со преполно срце на уважување и почит, уште еднаш Ви благодарам за честа со која нè удостоивте и за срдечната љубов со која нè прегрнавте – соопштувајќи ни го благопријатниот Ваш суд за нашето апелациско прибегнување: востановувањето на литургиското општење со Вас и, преку Вас, со полнотата на Православната Црква.
Сега е јасно колку Вашето добротворство за нашата Охридска Архиепископија, се покажа, всушност, како Ваш најнов принос пред Сељубивиот Бог – како долично дело за таткото на Православните. А ние, скромните Ваши чеда, можеме да Му заблагодариме на Бога, покрај за споменатата милост, ете – и за тоа што сме удостоени да бидеме современици на Вашата личност и на Вашите дела за доброто на Црквата и што ја имаме можноста да се радуваме и да се утешуваме од Вашиот подвиг на „добро стоење“, на автентично последување и себепрегорно, дури до мачеништво, исповедање на канонскиот и свештен поредок на Православната Црква“.

Прекрасно беше да се види како секој наш граѓанин, верен на нашата света Охридска Архиепископија, на Патријархот Вартоломеј со цвет во рацете, благодарејќи му го честиташе именденот.

На крајот од богослужбата, епископот Антаниски со неговото братство и сестринство, на Вселенскиот Патријарх Вартоломеј му подари архиерејска панагија,
во чест на неговиот именден и во знак на благодарност за признавањето на Охридската Архиепископија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пендаровски за бугарските клубови низ Македонија: Не…

По Ванчо Михајлов во Битола, Цар Борис…

КСОМ најавува штрајк: Владата троши непродуктивно, работниците…

Конфедерацијата на синдикалните организации на Македонија (КСОМ)…

Охридскиот рамковен договор ни остави обврска да…

Охридскиот мировен договор е меѓник во развојот…

Се спремаат за руски напад? Полските ученици…

„Заради запознавање со оружјето, учениците ќе имаат…

Драма на “Бит Пазар”: Пукал со пиштол…

На 12.08.2022 во 11.40 часот во Полициска…