En Marche! En route! Заев од Струмица му го честиташе новиот мандат на Макрон

Поранешниот премиер Зоран Заев денеска ја искористи трибината во Струмица организирана од Амбасадата на Франција за да му го честита новиот мандат на претседателот на Франција, Емануел Макрон.
-En Marchе! En route! Постојано се навраќам и се сеќавам на убавиот спомен и на пораката “По патот, напред!” испишана со негов ракопис на една од нашите средби.
Кога треба да се донесе одлука меѓу либерализам наспроти конзервативизам, ние левичарите имаме само еден избор – тоа е либерализамот – слободата, отвореноста, современоста.
Во мојот говор во Атина пред неколку дена реков дека ја оспорувам тезата дека десницата или крајната десница владеела со Европа. Ниту Макрон во Франција е десница ниту партијата на Голоб во Словенија која ги доби парламентарните избори во неделата е десница, напиша Заев на Фејсбук.
Тој додаде дека се радува на овие гласни крикови кои носат победа на европската слобода.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Џонсон на Самитот Г7: Мора да…
Денеска беше одржан Г7 самитот во замокот…
Макрон нападнат за губењето оружје во Украина
Францускиот политичар Жофри Боле го обвини претседателот…
Францускиот политичар Филопо: Русија го „понижи“ Макрон…
Францускиот галистички политичар Флоријан Филипо објави дека…
Макрон: Абортусот е фундаментално право на жените
Францускиот претседател, Емануел Макрон во петокот рече…
Макрон ги дефинираше условите за посета на…
Претседателот на Франција, Емануел Макрон, изјави дека…