Објавено на:

„Finance Think“: Сивата економија во 2020 година намалена во однос на 2006 година

t

Сивата економија во 2020 година е намалена во однос на 2006 година, а најголемите намалувања се случиле за време на финансиската криза во 2009 година и по воведувањето на минималната плата во 2012 година, покажува најновото истражување направено од Институтот за економски истражувања и политики „Finance Think“.

Според наодите од истражувањето, во 2020 година уделот на сивата економија во БДП бил 23,2 проценти за разлика од 2006 година кога изнесуваше 31,6 проценти.

Забележливо е дека од 2013 година, уделот на сивата економија во БДП стагнира, а во пандемиската 2020 благо се влошува, што според „Finance Think“, е поради тоа што формалниот БДП доживел поголем пад во однос на неформалниот БДП.

Анализата вклучува две групи фактори со потенцијално значење за сивата економија и тоа даночните политики и политиката на минимална плата.

Во делот на даноците, констатацијата е дека каква и да било потенцијална реформа на директните даноци, првенствено на даноците на трудот, негативно ќе се одрази врз сивата економија доколку не е придружувана со зајакнати капацитети на даночните власти за прибирање на даноците и јакнење на даночниот морал кај населението.

Во делот за минималната плата, оценката е дека нејзиното воведување во 2012 година придонело за намалување на сивата економија, но анализата покажува дека зголемувањето на уделот на минималната плата во просечната ја стимулира неформалната економија. Препораката е дека неопходно е минималната плата да расте во согласност со продуктивноста на трудот, со паралелно јакнење на капацитетите за спроведување на регулативата во сферата на работните односи.

– Генерално, наодите укажуваат дека е неопходно дизајнирање политики за зголемување на продуктивноста на долг рок, и тоа преку создавање и стимулирање домашен конкурентен пазар преку релаксирање на регулативата и либерализација на трговијата, преку зголемување на квалификуваноста на работната сила преку реформирање на образовниот систем, преку насочување на средства кон истражување и развој, и преку зголемување на ефикасноста на јавната администрација за да се намали товарот врз приватниот сектор, велат од „Finance Think“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хрватска има еден милион пензионери, се намалува…

Податоците од пописот за 2021 година покажаа…

Светска банка предвидува 3,4% раст на црногорската…

Црногорската економија годинава ќе порасне за 3,4…

Платени 6,75 милиони евра „казна“ за непотрошени…

АД Номагас, националниот оператор на системот за…

Бруто платата во ТИРЗ во март 2024…

Анализата на ТИРЗ покажува дека просечната бруто…

Курсна листа на НБРМ: Колку чинат валутите…

Според курсната листа на НБРМ средниот курс…