Објавено на:

Kазнети 240 возачи за брзо возење

t

Во текот на вчерашниот ден (05.04.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 240 возачи.

Од нив 24 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четири возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 121 возач ја пречекорил брзината во населено место, а 119 надвор од населено место.


-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, информира МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Масовниот убиец од Тексас нападот го најавил…

Напаѓачот од Тексас кој усмрти 19 деца…

Засилени контроли: Само вчера, 144 казни во…

Министерството за внатрешни работи во текот на…

Најмалку пет цивили загинаа, а 12 се…

Најмалку пет цивили загинаа, а 12 се…

ВИСТИНСКА ТРАГЕДИЈА: 11 новороденчиња изгореа во пожар…

Единаесет новороденчиња загинале во пожар што го…

Делови од повеќе скопски општини денеска без…

Од ЕВН известуваат дека поради технички зафати…