Објавено на:

Kина: НАТО требаше да се распадне заедно со Варшавскиот пакт

t

Кинескиот заменик министер за надворешни работи Ле Јученг изјави дека НАТО не треба да се шири на исток.

Ле Јученг ги критикуваше строгите западни санкции наметнати на Русија по инвазијата на Украина и рече дека главната причина за таа војна лежи во менталитетот на Студената војна и политиката на моќ.

Тој рече дека проширувањето на НАТО на исток ќе го доближи до предградијата на Москва каде што проектил може да го погоди Кремљ во рок од седум или осум минути.

-Поттурнувањето на голема земја, особено нуклеарна сила, во ќош би довело до последици кои се премногу страшни за да можеме да ги замислиме, рече Ле Јученг.

Тој се согласи со рускиот претседател Владимир Путин, велејќи дека НАТО требало да се распадне заедно со Варшавскиот пакт.

-Сепак, наместо да се распаѓа, НАТО продолжи да се зајакнува и проширува и воено интервенира во земји како Југославија, Ирак, Сирија и Авганистан. Кризата во Украина е строго предупредување“, рече тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

До крајот на месецов ќе се знаат…

Процесот на избор на кандидати за градоначалници…

НАМЕСТО КОНТРОЛОРИ НА ЛЕТАЊЕ М-НАВ ЗА СЕКОЈ…

По добиена согласност од Министерството за финансии,…

Макрон ја отфрла идејата на Трамп за…

Францускиот претседател Емануел Макрон синоќа изјави дека…

Левица по третпат бара Надзорна расправа за…

Утре, Постојаната анкетна комисија за заштита на…

Гувернерот Славевски се пожали дека многу го…

Гувернерот Трајко Славевски во неговата објава на…