Kaтастрофа: Mакедонија сѐ уште е хибриден режим, за демократија имаме тројка

t

Невладината организација Фридом хаус објави извештај за состојбата со демократијата во 29 земји во транзиција насловен „Земји во транзиција – од слабеење на демократијата до авторитарна агресија“.

„Оваа година, за првпат во 21. век, форма на управување што преовладува во регионот на нации во транзиција е хибриден режим. Четири демократии паднаа во оваа сива зона откако непрекинатиот период на демократски пад започна во 2004 година: Унгарија, Црна Гора, Македонија и Србија. Во истиот период три авторитарни режими направија демократски чекори и се приклучија во редот на хибридни режими: Молдавија, Косово и сега Ерменија“, се вели во извештајот, пренесува Гласот на Америка.


Според Фридом хаус, овие режими можат да бидат демократски во минимална смисла, односно да имаат редовни, конкурентни избори, но нивните нефункционални институции „не се во состојба да ги испорачаат дефинитивните компоненти на либералната демократија: проверка и баланс, владеење на правото и цврста заштита на правата и слободите на сите“.

Како што јави Гласот на Америка, на скалата од еден до седум, каде еден е најниско ниво на демократски прогрес, а седум највисоко, Република Македонија е рангирана со оценка од 3,5 за демократско владеење, 4,25 за изборен процес, 5,25 за граѓанско општество, 3,25 за независни медиуми, 3,25 за независно судство, додека 3,00 за корупција. Генералната оценка за демократски прогрес изнесува 3,82 или 47 проценти.

Според „Фридом хаус“, тековната криза обезбедува можност да се направи ревизија на процесот на пристапување во ЕУ, и оти „Блокот треба конечно да ги започне пристапните преговори со Албанија и Македонија, притискајќи ја Бугарија да се откаже од приговорите“.

„Дефинитивно, ниту еден хибриден режим во регионот не успеа да ѝ пркоси на гравитацијата на сивата зона од 2002. Во овој период, Албанија, Македонија и Србија флертуваа со либералната демократија, додека Ерменија и Молдавија издржаа авторитарни епизоди, но сите се вратија на хибриден режим до 2021 година“, оценува извештајот.

Моментално, вкупно 11 држави се категоризирани како хибридни режими во „Нации во транзиција“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нашата врска е на пауза, ова не…

Првата дама на Украина, Олена Зеленска (44),…

Од што ќе живеат тие луѓе? 27.167…

Мајската плата се уште ја чекаат 27.167…

И Бугарија има со што да “се…

ФБИ нуди награда од 100.000 долари за…

Тешка сообраќајна несреќа во Чаир: Повреден е…

Вчера во 06.40 часот во СВР Скопје…

ЦУК информира: Еве на кои планини нема…

Низ парк шумата Водно или низ нашите…