Mетеоролозите стравуваат од торнадо во Европа – се очекува ветер од околу 160 километри на час
Експертите предупредуваат дека невремето што се приближува до Ирска и Велика Британија може да предизвика и торнадо.
Британскиот институт за торнадо и бури (TORRO) издаде предупредување за опасни метеоролошки услови и најави дека се очекуваат ветрови со брзина од околу 160 километри на час, кои ќе донесат врнежи и град со големина до 20 милиметри.
„Бурата „Деби“ ќе се движи кон Ирска и Северна Ирска во текот на ноќта. Фронтален систем ќе помине над областа по полноќ и во понеделник наутро и ќе го зафати остатокот од ОК. Многу силни ветрови поврзани со бурата ќе зафатат делови од Ирска и Британија“, рече портпаролот на „ТОРО“.
Тој додаде дека постои ризик да се појават едно или две торнада, пренесува Танјуг.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…
(Видео) Крмов: Имаме скржава власт која одвои…
Пратеникот Борислав Крмов од Левица на седницата…
Сите на одмор: На „Табановце“ и „Богородица“…
На граничните премини „Табановце” и „Богородица”, времето…