Maкедонски и светски екперт предупредува: Објавување јавно резултати од ПЦР тест на граѓани со адреса на живеење ќе предизвика стигмнатизација

t

Доктор Харис Бабачиќ, магистер по епидемиологија и докторанд на медицинскиот универзитет Каролинска во Стокхолм, Шведска, смета дека објавувањето на резултатите од ПЦР тестовите на веб страницата на Државниот здравствен и санитарен инспекторат и во службен весник, нема да направи никакво добро и дека претставува штетна пракса која е неетичка.

– Таман мислев дека владата ја напуштила оваа некорисна идеја, оп ете ти нова влада со истата идеја – коментира на својот Фејсбук профил, др.Харис Бабачиќ . -Објавување на резултати од испитувања на граѓани и пациенти јавно на веб сајт, уште па со адреса на живеење, е неприфатливо за било која болест, па и за оваа. Неетички е и нема да има корист од тоа. Исходот од оваа одлука ќе биде јавно жигосување, огромна стигма и дополнително одвраќање на граѓаните да се тестираат.Доколку ДСЗИ имале проблем со доставување на решенија за изолација во печатена форма, тоа можеле многу лесно да го решат со софтверско решение каде корисникот на безбеден сајт ќе се логира со корисничко име и лозинка за да го добие резултатот и решението автоматски а да приватноста му биде заштитена.Се надевам дека и оваа влада ќе се вразуми и ќе ја повлече одлуката…, пишува Бабачиќ.

Според одлуката на владата името, презимето и адресата на која ќе се спроведува изолацијата на сите граѓани што ќе добијат позитивен резултат на ПЦР-тестот во било која овластена лабораторија во државава, ќе се објавуваат на веб страницата на Државниот здравствен и санитарен инспекторат.

-Наместо со печатење хартии, доставување на решенија за изолација споровозно, нешто кое што им одземаше и време и ресурси на здравствените инспектори, од денеска на сила стапува нов начин на доставување на решенијата за изолација. Ќе се смета дека од моментот кога името презимето и адресата на граѓанинот позитивен на ковид-19 ќе биде објавено на страницата на ДСЗИ, тој го примил своето решение за изолација. Новиот начин на доставувањето на решенијата за изолација, информираа од владата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Голем пожар во Маџир Маало

Вечерва се запали стара и напуштена куќа…

Американско министерство за финансии: Кина изврши хакерски…

Американското Министерство за финансии објави дека кинески…

Силен земјотрес воТурција!

Земјотрес со јачина од 4,3 степени според…

Ристовски: До крајот на идното лето пет…

Скопје до крајот на идното лето ќе…

Зеленски: Новата помош од Америка доаѓа во…

Претседателот на Украина Володимир Зеленски изјави дека…