Maкрон по разговорите со Путин: Најлошото допрва доаѓа, Русија сака да ја окупира цела Украина

Францускиот претседател Емануел Макрон му рекол на рускиот претседатек Владимир Путин дека прави „голема грешка“ во Украина, дека се залажува себеси и дека војната долгорочно ќе ја чини Русија скапо, вели француски претседател.
Во телефонскиот разговор што го иницираше Путин во четвртокот, рускиот лидер ја повтори својата решеност да постигне неутрализација и разоружување на Украина, без разлика дали тоа е по дипломатски пат или со оружје, рече официјалниот претставник.
„Немаше ништо во она што го кажа претседателот Путин што може да не увери“, рече советникот на францускиот претседател, додавајќи дека Путин го повторил својот „наратив“ дека бара „денацификација на Украина“.
„Се лажете себеси“, му рекол Макрон на Путин, рече функционерот.
„Тоа ќе ја чини вашата земја скапо, вашата земја ќе заврши изолирана, ослабена и под санкции за многу долго време“.
Путин има за цел „да ја преземе контролата“ врз цела Украина и „најлошото допрва доаѓа“, смета францускиот претседател Макрон по разговорите со рускиот претседател.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Поевтинуваат дел од горивата
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и…
Казни и до 2.000 евра доколку се…
Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните…
Ѝ кажале дека ќерката прегазила дете –…
На 26.06.2025 во 17.30 часот во СВР…
(Фото) Мигранти пронајдени во камион на бензинска…
Шест мигранти денеска се пронајдени во паркирано…
Илиевски: По 365 дена владеење на ВМРО-ДПМНЕ,…
Негативна е оценката за владата на Христијан…