Maск на чекор да го купи Твитер…

Твитер е се поблиску до постигнување договор за продажба на компанијата на сопственикот на Тесла Илон Маск по цена од 54,2 долари по акција, што милијардерот ја нарече своја најдобра и последна понуда, јавува Ројтерс.
Компанијата би можела да ја објави својата продажба по вкупна цена од 43 милијарди долари во текот на денот, откако одборот на директори ќе се состане и ќе им ја препорача трансакцијата на своите акционери, велат извори, додавајќи дека зделката во исто време можно е и да пропадне во секој момент доколку не дојде до компромис.
Во меѓувреме Твитер не успеа да обезбеди „провизија“ во договорот со милијардерот, што ќе му овозможи да побара други понуди од потенцијалните купувачи доколку договорот биде потпишан.
Сепак, како што наведуваат светските медиуми на Твитер и понатаму му е дозволено да прифаќа понуди од други клиенти со тоа што на Маск му плаќа одредена такса, посочуваат изворите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Полска компанија за муниција го зголемува производството…
Полскиот производител на муниција Дезамет, дел од…
Давид на Микеланџело прогласен за порнографија
Директорка на училиште во Флорида била принудена…
Русија ја обвини Словачка поради испраќањето советски…
Руската Федерација ја обвини Словачка дека го…
Трамп: Јас сум жртва на лов на…
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп вчера во…
Во изминатото деноноќие произведени се 12.590 MWh…
АД ЕСМ на 25.03.2023 година произведe 12.590…