Oд бебе сака да наплати долг: Извршителка од Струмица блиска до власта извршува од внуци на починат човек кој никогаш не бил прогласен за должник

t

Продолжува голготата за струмичкото семејство Китанови кои се жртви на спрега помеѓу струмички судии, обвинители и извшрители, а се со цел да им се одземе атрактивна градежна парцела чија вредност може да достигне милиони.

Тие се сопственици на успешен семееен бизнис, односно на компанијата „Еврозоли“ чија што примарна дејност е рециклиража на отпад.


Проблемите за угледно струмичко семејство Kитанови започнуваат пред десет години кога вработена ги губи трите прсти на својата рака во текот на работното време на преса за смет поради својата лична небрежност.

И покрај помошта која веќе починатиот Илија Китанов и ја пружа на својата вработена по консултација со адвокат, вработената покренува кривична постапка против својот газда.

Сепак обвинителството во Струмица носи заклучок дека не постои никаква кривична одговорност за Илија Китанов.

Обвинителството постапката против компанијата Еврозоли и Илија Китанова ја запира со наредба за запирање на истражна постапка број 293-2016-та / 17.03.2017 од причина што од страна на првобвинетито Илија Китанов јасно им било укажано на работниците дека кога пресата е во работна функција работникот не смеел да го ортвира заштитниот капак на комората за полнење и не смееле во такви услови да превземаат дејствија во комората. Сепак вработената не се приджувала до насоките од работодавачот што ја предизвикало несреќата.

Иако обвинителството носи одлука за запирање на постапката, вработената продолжила да го тужи починатиот Илија Китанов во парнична постапка со цел да да добие оштета за повредите кои самата си ги нанела со своето несовесно работење.

Поради огромниот стрес и притисок за време на постапката Илија Китанов починува во текот на постапката за утврдување на материјална одговорност, но истата продолжува против неговите синови, сопруга и компанијата Еврозоли и тоа во сомнителни околности.

Соогласно законските рамки полномошното на адвокат по смрт важи 30 дена, сепак адвокатката на починатиот Илија Китанов, Јагода Манчева и судијката во штипска Апелација, Сузана Здравева без полномошно од браќата Китанови носат пресуда неколку месеци од смрта на Китанов.

Три месеци по смртта на нивниот татко тие се повикани во Апелација и за прв пат запознаени со предметот кој се водел против нивниот татко, бидејќи истиот тој го чувал во тајност.

Набргу потоа без добиено полномошно продолжува постапката со некогашниот адвокат на Илија Китанов, Јагода Манчева која без пристуство на браќата Китанови ја подигнува пресудата. Тие с новотужени и веднаш осудени без да знаат и без да ја ополномоштат Манчева, при што не е испочитувана законската процедура иако им следувал и адвокат по службена должност.

На фамилијата Китанови не им се ускратени сите правни лекови во постапката.

По ваквата незаконита постапка која ја води судијката, но и низа други сериозни законски пропусти судијката Сузана Здравева е во целост разрешена од нејзината позиција во Апелација, а следната судијка која го води предметот Светлана Јованова е изземена на барање на одбраната.

И покрај незаконската постапка против семејството Китанови и компанијата Еврозоли продолжува своеволието на правосудните органи со цел одземање на имотот на семејството.

Tука настапува извршителката Саветка Георгиева која е позната по милионските суми кои ги извршува, меѓу кои високопрофилни случаи се наоѓаат и побаруварањата на Еуростандард банка.

Во Струмица таа важи за извршител кој е недопирлив за законот.

Георгиева е особено заинтересирана за извршување на една градежна парцела на атрактивна локација Струмица чија вредност од неколку стотици илјади евра може во рок од месеци да порасне неколкукратно, а целата постапка за извршување ја води експресно се со цел да ја продаде парцелата непочитувајќи судска одлука.

Кај Георгиева пристигнува за извршување предметот со реден број 855/2021 која солидарно им наплатува на сопругата и двете деца на Илија Китанов. Првиот проблем настанува кога, Георгиева востанувава дека на име на овие лица нема никаков имот кој може понатаму да се користи за наплата на долг, но и покрај овој факт таа одржува јавно надавање, на кое поради нерешени имотно правни односи и судска постапка никој не се пријавува.

На второто јавно надавање Георгиева незаконски го менува името на должниците па така наместо од синовите на Илија Китанов и неговата сопруга долгот го наплатува од неговите внуци, со едноставна промена во Заклучокот за втора усна јавна продажба иако никаде внуците на Илија Китанов не се водат како должници.

Инаку мора да се напомене дека еден од внуците на Илија Китанов има само една година.

Инаку ваквата постапка на Георгиева е незаконска бидејќи не постои ниту една пресуда во која Илија Георгиев се јавува како должник па така ниту неговите внуци немаат наследен долг со тоа што го наследиле имотот од нивниот дедо.

Она што е симптоматично е што и покрај големиот имот и недвижнини кој го поседува семејството, извршителката Георгиева и натаму е фокусирана на оваа градежна парцела чија вредност е неколкукратно поголема од вредноста која е предмет на извршување, како самата парцела да се јавува како должник во спорот.

На второто јавно надавање има само еден купувач кој го претставува неговиот адвокат, купувач кој за волја на вистината не е запознаен со судските лавиринти во кои е заглавен имотот на семејството Китанови и според усните сведоштва на членовите на семејството влегува во сериозен конфликт со неговиот адвокат затоа што не го известил за фактичката состојба.

Имотот кој сега е на име на внуците на Илија Китанов се продава по цена од околу 120 илјади евра која за 80 илјади евра пониска од пазарната, а за 40 илјади евра поголема од сумата која треба да се наплати.

Но тоа не е се.

Саветка Георгиева отворено непочитува судска одлука на повисока судска инстанца.

На 09.12.2021 година Апелациониот суд во Штип во совет составен од три членови ја прифаќа жалбата на должниците Калина Китанова, Зоран Kитанов и Лефтер Китанов и носи решение со кое заклучокот за извршување со реден број 855/2021 се става вон сила.

Во образложението на судот се напоменува дека должиниците преку својот полномшник посочиле дека тие се само претпоставени законски наследници и со изјава пред нотар во спроведана оставинска постапка се откажале од наследството на починатиот Илија Китанов.

И покрај судската одлука и деталното образложение извршителката Саветка Георгиева ја продава оваа ексклузивна градежна парцела на местото викано Белик, парцела која не е во сопственост на должниците.

Она што не може да не се напомене е поврзаноста помеѓу Георгиева и адвокатот кој ја застапува оштетената страна.

Адвокатот на оштетената е син на поранешен судија Борис Чамовски , Васко Чамовски.

Александар Чамовски брат на адвокатот бил вработен кај извршителка на Саветка Георгиева, но важи и за исклучително близок со Љупче Николовски вицепремиер за спречување корупција.

Пред штипска Апелација да донесе одлука со кое решението на Саветка Георгиева извршување да се стави вон сила експресно биле одбиени барање за времена мерка од Основниот суд во Струмица иако постојат низа прекршувања на постапката.

Шпекулациите велат дека ваква времена мерка била најпрво донесена па укината по притисоците кои ги врши извршителката во Струмичкиот суд.

Она што е најсимптоматично е што референтот на Основен суд Струмица близок до претседателот на судот, Емил Георгиев го доставува решението е должник кај Саветка Георгиева, а истото решението од струмичкиот суд е без потпис.

Приказната не завршува тука бидејќи семејството се сомнева дека бизнисменот кој ја купува на јавно надвање парцелата е само фигура, а парцелата потоа ќе биде препродадена бидејќи се работи за фантом фирма со еден вработен.

Сепак семејството Китанови се одлучи дека правда мора да има па за сите овие незаконски процедури и чист криминал поднесуваат кривична пријава до обвинителството за гонење на организиран криминал.

Поднесени се две кривични пријави, една по однос на злоупотреба на службена положба и овластување, посебни случаи на фалсификување службени исправи и несовесно работење во служба.

Кривична пријава е против Саветка Георгиева извршител од Струмица, Јагода Манчева адвокат од Струмица, Светлана Јованова судија во штипска апелација и Сузана Здравева разрешен судија во Апелациониот суд во Штип.

Кривични пријави се по однос на злоупотреба на службена положба и овластување, посебни случаи на фалсификување службени исправи и несовесно работење во служба.

За овој случај поставивме и неколку прашања до обвинителството за гонење на организиран криминал, прашања на кои се уште редакцијата на Инфомакс нема добиено одговор.

Во меѓувреме веднаш по поставувањето на прашањата од наша страна, ОЈО за гонење на огранизиран криминал писмено го извествува семејството Китанови дека не постојат основи за гонење на дела поврзани со злосторничко здружување.

Меѓутоа обвинителството наведува дека постојат основи за гонење на кривични дела, злоупотреба на службена положба, несовесно работење во службата и посебни случаи на фалсификување на службени исправи со што предметот го испраќа во струмичкото обвинителство.

Набргу потоа семејството Китанови добива известување од Струмичкиот суд дека незаконската продажба на фамилијарниот имот се става вон сила.

Поточно Основниот суд Струмица носи решение со кое се прифаќа приговорот против Заклучокот за извршена продажба со број 855/2021, а во образолжението судот во Струмица се повикува на повисока судска инстанца односно Апелациониот суд во Штип која го става заклучокот за продажба на Георгиева вон сила.

За работите да бидат уште поочигледни за 27 јануари годинава, извршителката од Струмица закажува нова лицитација за продажба на имотот на внуците на Илија Китанов кои во ниту една форма не се должници пред судот.

Овој случај е само уште еден пример дека темелните вредности на Уставот на Република Македонија како што се правна заштита на сопственост, правната држава и владеење на правото се погазени од страна на обвинителството, судовите и извршителите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој кого зафркна? Западните медиуми ја слават…

Со оглед на тоа што грејс-периодите на…

Бектеши се правда: Земаме заем за да…

Министерот за економија, Крешник Бектеши, вечерва во дебатниот…

Ќе ги остави ли Владата граѓаните на…

Владата во 2018та се задолжи во име…

Државата не плаќа струја: Должи преку 20…

Над 20 милиони евра е долгот за…

Тетовските изборни одбори работеле за џабе: Општината…

Иако поминаа повеќе од три месеци, сé…