Објавено на:

Oколу 200 илјади граѓани би можеле да останат бeз работа поради санкциите, вели градоначалникот на Москва

t

Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, изјави дека 200 илјади граѓани вработени во странски компании би можеле да останат без работа како последица на санкциите наложени против Русија заради инвазијата врз Украина.

„Според наши проценки, околу 200 илјади лица се изложени на ризик да ги загубат своите работни места“, објави Собјанин на свој блог.


Тој вели дека минатата седмица властите објавиле програма вредна 41 милион долари за поддршка на вработувањето во престолнината.

„Програмата примарно е насочена кон вработените во странски компании кои привремено ги прекинаа своите деловни активности во земјата или одлучија да ја напуштат Русија“, рече Собјанин.

Стотици претежно западни компании најавија затворање или повлекување од Русија од почетокот на воената интервеција на Русија во соседна Украина.

Собјанин рече дека од програмата се очекува да им помогне на повеќе од 58 илјади луѓе кои останале без работа. За околу 12.500 од нив е предвидена преквалификација.
Економистите веруваат дека најлошото влијание од исцрпувачките западни санкции допрва доаѓа и очекуваат Русија да падне во длабока рецесија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Захарова: Нека побараат од Украина да им…

Британските власти треба да бараат од украинската…

(Видео) Најмалку осум лица ранети истрелување во…

Најмалку осум лица се ранети во истрелување…

Захариева: Западот го дели светот на оние…

Западните земји се уште имаат колонијален однос…

(Во живо) Тешка сообраќајна несреќа во Радишани

Тешка сообраќајна несреќа се случи вечерва околу…

Шокантно тврдење на Ненад Чанак: Русија планира…

Според политичарот од Војводина, Москва би го…