Pacкол во СДСМ: Шилегов го кренал гласот против Спасовки и Николовски

t

Поранешниот скопски градоначалник Петре Шилегов бил воздржан кон предлозите на Димитар Ковачевски за нови владини министри од редовите на СДСМ.

Како што неофицијално дознава Фокус, Шилегов денешната седница на Извршниот одбор изнел забелешки дека дел од предлозите за нови министри не треба да бидат на списокот.

После дискусијата на ИО, тој не гласал ниту „за“ ниту „против“ предлозите за членови на новата влада, додека на седницата на Централниот одбор воопшто не дискутирал.

-Шилегов иако не споменал имиња, алузијата била дека на Оливер Спасовски и на Љупчо Николовски не им е место во новата влада, бидејќи „не може за изборниот пораз да бидат виновни Радмила Шекеринска, Мила Царовска, Венко Филипче и Петре Шилегов, а Спасовски како тогашен потпретседател на СДСМ и Николовски како генерален секретар и шеф на изборниот штаб да не понесат одговорност, туку да бидат наградени со нов мандат“, пренесува Слободен Печат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Само спокојно: Според Владата нема проблем со…

Владата на денешната 102 седница го разгледа…

Страшно сценарио на Кутев за Бугарија: Ако…

Ако сега не се формира влада во…

Зорана Михајловиќ: Не сум сигурна дека новата…

Српската министерка за енергетика и рударство во…

Борисов: Оптимист сум дека ќе составиме Влада

Од сè што создаде "Продолжуваме со промената",…

Се “заглавуваме” за нови 250 милиони евра:…

Владата донесе одлука за издавање на хартии…