(Вознемирувачкот фото) Support Kocani објави дел од изгореници на екстремитети кај младите за да надлежните сфатат колку се сериозни последиците

Граѓанската иницијатива Support Kocani објави вознемирувачки фотографии од тешките изгореници кај младите повредени во пожарот во дискотеката „Пулс“.
На сликите се прикажани изгореници на лице и екстремитети, со цел – како што велат од иницијативата – „надлежните конечно да сфатат колку се сериозни последиците од оваа трагедија“.
Од иницијативата претходно упатија и критики за несоодветните услови за лекување во Кочанската болница, предупредувајќи дека жртвите не смеат да бидат оставени сами да се справуваат со последиците од трагедијата.
Од таму го нагласија и тоа колку е скап процесот на рехабилитација за преживеаните.
Според нив, едно парче компресивна облека, неопходна за третман на изгореници и минимизирање на лузни, чини од 100 до 1.200 евра, а некои деца ќе имаат потреба од пет до шест парчиња.
Пожарот во дискотеката „Пулс“ се случи на 16 март и однесе 62 животи, а повреди повеќе од 200 лица, од кои многумина се млади луѓе со трајни физички и психолошки последици. Support Kocani останува активен глас на јавноста во барањето институционална одговорност и конкретна поддршка за жртвите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…