(Видео) „Support Kocani“ до ВМРО-ДПМНЕ и власта: Родителите девет месеци чекаат да бидат слушнати – а вашите пратеници бараат пауза
Претставниците на здружението „Support Kocani“ остро реагираа на почетокот на седницата на Анкетната комисија за трагедијата во дискотеката „Пулс“, обвинувајќи ги пратениците од власта за недолично однесување и неспособност да покажат почит кон родителите кои девет месеци чекаат правда.
„Како не ви е срам да се препукувате пред родителите уште пред да почне седницата?“, порачаа од здружението, реагирајќи на барањето на дел од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ за едночасовна пауза. „Ние од ‘Support Kocani’ за еден час направивме цела веб-страница за помош на родителите и жртвите итоа волонтерски. А вие сте платени да работите. Родителите немаат спиено девет месеци, а вие барате пауза од еден час?!“
Претставниците предупредија на драматичната загуба на доверба во државата кај младите, посочувајќи дека „од паралелка од 20 деца во Кочани, дури 18 сакаат да се иселат од државата“. Здружението нагласи дека нема да се откаже од борбата за градење праведно и нормално општество.
Тие оценија дека постојат очигледни обиди да се избегне дебата за трагедијата и да се минимизира моралната одговорност на институциите.
„Правата на родителите беа загрозени, а врз нив постојано се вршеше притисок преку вашите пропагандни медиуми. Како младите да продолжат да веруваат во системот?“, прашаа претставниците на здружението.
Здружението побара политичка одговорност од министрите и владата, потсетувајќи дека тие се претставници на институциите кои, според нив, потфрлиле и дозволиле да се случи трагедијата.
„Сите функционери треба да излезат и јавно да кажат што работеле досега и како придонеле вакви настани да не се повторуваат. И како ги заштитиле правата на родителите кои денес се тука,“ порачаа од „Support Kocani“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) „Support Kocani“ до ВМРО-ДПМНЕ и власта:…
Претставниците на здружението „Support Kocani“ остро реагираа…
Хорор во Скопје: Безживотно тело лежи во…
Безживотно тело лежи попладнево во центарот на…
(Видео) Мајката на Моника му се обрати…
Тензично атмосфера на денешната седница на Анкетната…
САД би можеле да го напуштат НАТО…
Новата стратегија за национална безбедност на САД…
Тешка сообраќајка кај клучката „Илинден“ – Повредени…
19-годишен возач и уште неколку лица се…