Објавено на:

TУРЦИЈА БИ МОЖЕЛА ДА ГО НАПУШТИ НАТО: Ќе стане дел од големот евроазиско партнерство!

t

За 70 години членство во НАТО, Турција не видела никаква предност, а еден аргумент во корист на членството е правото на вето, пишува турскиот весник „Џумхуриет“.

Според авторот на написот Мехмет Али Ѓулер, Анкара треба да ги затвори Црното Море, Кавказ и западните порти на Централна Азија кон САД и да стане дел од големото евроазиско партнерство.


Напуштањето на Алијансата би значело преминување кон стратешко партнерство со Русија и Иран, како и интеграција во „новиот свет“ преку организациите БРИКС и ШСО.

Поради настаните во Украина на 18 мај, Финска и Шведска поднесоа барање до генералниот секретар на НАТО за влез во Алијансата. Турција го блокираше почетокот на процесот на разгледување на овие апликации. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Анкара не може да каже „да“ за членството на Финска и Шведска во НАТО, бидејќи не може да им верува на нивните гаранции за односите со претставниците на Работничката партија на Курдистан, која е забранета во Турција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

УЧК по улици ви парадира и не…

Ситуацијата пред Собранието на РМ денска ескалираше…

Димитров: На крајот сите ќе бидеме губитници,…

За било какво насилство нема оправдување. Протестите…

Граѓаните гневни: Ковачевски и Османи видовити, секоја…

Не стивнуваат обвинувањата кон власта дека провокациите…

СДСМ без срам и перде се јавија…

„Вечерва граѓаните беа сведоци на нови инциденти…

(Фото) Најнов извештај од МВР: 47 полицајци…

47 поврдени полицајци, 11 потешко, 2 посериозно,…