Објавено на:

TУРЦИЈА БИ МОЖЕЛА ДА ГО НАПУШТИ НАТО: Ќе стане дел од големот евроазиско партнерство!

t

За 70 години членство во НАТО, Турција не видела никаква предност, а еден аргумент во корист на членството е правото на вето, пишува турскиот весник „Џумхуриет“.

Според авторот на написот Мехмет Али Ѓулер, Анкара треба да ги затвори Црното Море, Кавказ и западните порти на Централна Азија кон САД и да стане дел од големото евроазиско партнерство.

Напуштањето на Алијансата би значело преминување кон стратешко партнерство со Русија и Иран, како и интеграција во „новиот свет“ преку организациите БРИКС и ШСО.

Поради настаните во Украина на 18 мај, Финска и Шведска поднесоа барање до генералниот секретар на НАТО за влез во Алијансата. Турција го блокираше почетокот на процесот на разгледување на овие апликации. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Анкара не може да каже „да“ за членството на Финска и Шведска во НАТО, бидејќи не може да им верува на нивните гаранции за односите со претставниците на Работничката партија на Курдистан, која е забранета во Турција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рекорден број набљудувачи на изборите во Србија

Изборите во Србија в недела, на 17…

ИЗРАЕЛСКИ НАСЕЛБИ ЌЕ НИКНАТ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА:…

Израелскиот министер за дијаспора и социјална еднаквост,…

Полицијата трага по 29-годишниот струмичанец, исчезнал на…

Од СВР Струмица информираат дека во Полициска…

Тутунарите го бојкотираат откупот, бараат 600 денари…

Откупувачите ги отворија пунктовите за откуп на…

Таткото на Јане Ченто: Оваа Пресуда за…

Апелациониот суд – Скопје ја потврди пресудата…