ИЗЈАВА НА ДЕНОТ
СОТИР КОСТОВ ЗА АЛХЕМИЈАТА НА АИРТОН СЕНА
Затоа нормално е да се постави прашањето кој беше Аиртон Сена?
Знам дека како младо момче, тој мечтаел да стане хемичар, гимнастичар или уметник. Хемичар не станал, но затоа пак ќе го паметиме како најголем алхемичар на брзините, страста за возење, натпреварувањата и победите. Гимнастичар сигурно не стана, но според тоа како неговиот болид ги совладуваше конкурентите, очигледно е дека концентрацијата и работењето на рацете, нозете и мозокот му беа на исто ниво како на најдобар гимнастичар во светот. Уметник? Да, Аиртон Сена беше уметник! Најголем уметник во автомобилизмот.