Teута не ја сакаат и во Турција:По Вашингтон и Брисел, и Анкара не се согласила кај нив амбасадорка да биде Теута Арифи

t

Се чини дека Теута Арифи, поранешната градоначалничка на Тетово, нема да може да влезе во македонската дипломатија. По Вашингтон и Брисел, и официјална Анкара одбила Арифи да биде македонска амбасадорка на Македонија во Турција, пишува весникот Коха.

Официјални извори за весникот велат дека по одбивањето на Вашингтон и Брисел, Владата и Министерството за надворешни работи на Македонија се обиделе да ја испратат Арифи за амбасадорка во Анкара, Турција. Сепак, официјалната реакција на Република Турција била брза, одговорот бил дека агреманите нема да бидат одобрени.
Според Коха, несогласувањето на Европската Унија Теута Арифи да биде амбасадорка во Брисел, како што во петокот објави МКД.мк, се случило неколку дена откако Министерството за надворешни работи го испратило предлогот, по што експресно следувало испраќањето на името на Теута Арифи како предлог за Анкара. И Турција не се согласила со овој предлог.
Претходно и Вашингтон го премолче предлогот Теута Арифи да стане амбасадорка на Македонија во САД. Молкот на Стејт департментот за овој предлог значеше дека Арифи нема да може да ја претставува Македонија како амбасадор во Вашингтон.
Кандидатурата на Арифи за амбасадорка во Вашингтон, а потоа и во Брисел, предизвика бројни реакции во јавноста и меѓу опозицијата.
Со ваквиот потег, реагираше опозицијата, Владата го легитимира лошото владеење на Теута Арифи како градоначалничка на Тетово, која по поразот од Билал Касами на локалните избори ја остави општината со околу 24 милиони евра долг. Дополнително, беше откриено дека една година пред изборите таа ангажирала околу 800 работници на договор, од кои повеќето партиски активисти на ДУИ.


ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Колку треба да е лош предлогот за…

Граѓаните ги побудалевме со разни дезинформации и…

Пак се огласи Кисинџет: Постојат три сценарија…

Украинската криза може да заврши на три…

ССМ ќе бара оставка од сите пратенци…

Јавно ќе бараме оставка од тие пратеници…

Петков го отфрли ултиматумот на Митрофанова: Руските…

Кирил Петков денеска до 12 часот не…

Пак ќе останеме со прстот во уста?…

Пратеничката група на опозициската бугарска партија „Преродба“…