Авион на иднината: Наскоро прототип на суперсоничен патнички авион

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Прототип на суперсоничен патнички авион на новата генерација може да се појави во 2023 година моделиран по борбениот авион МиГ-29, изјави генералниот директор на Централниот аерохидродинамички институт (ЦАГИ), Кирил Сипало.

„Според нашите пресметки и расположливите финансиски средства, таков прототип треба да се појави до 2023 година. Јасно е дека овој експериментален авион е поевтин и поедноставен за градење врз основа на ддруг авион, бидејќи главната цел е да се провери исправноста на избраните критични категории за време на експерименталниот лет. Ова значи: аеродинамичен изглед, локација, форма и големина на внесот на воздух и слично“, рече Сипало.

Според него, најверојатен модел ќе биде МиГ-29, заедно со стандардните мотори и системи со кои е опремен.

„Се разбира, во овој случај, не можеме да зборуваме за вистински суперсоничен патнички авион, тоа е само прототипр“, рече тој.

МиГ-29 е руски, односно советски боpeц од четврта генерација, дизајниран да уништи летала во сите метеоролошки услови.

Се карактеризира со тоа што, во однос на сите други видови на советски / руски борбени авиони, претрпе најголема трансформација во усовршување, од основна до најмодерна варијанта.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This