April 19, 2024, 12:24 pm

Австралија пpoдoлжyвa дa вakциниpa co „AcтpaЗeнекa“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претставници на австралиското Министерство за здравство потврдија дека земјата ќе ја продолжи програмата за имунизација против Ковид-19 со вакцината на „Астра зенека“, откако еден случај на згрутчување на крвта предизвика сомнежи во нејзината безбедност.

Еден човек (44) беше примен во болница во Мелбурн со тромб неколку дена откако ја примил вакцината на „Астра зенека“, а австралиските регулаторни тела за здравство на состаноците вчера и денес дискутираат за понатамошните препораки за оваа вакцина.

Регулаторните тела во моментов не советуваа да престанеме со употребата на вакцината „Астра зенека“ во Австралија, рече австралискиот заменик министер за здравство Мајкл Кид.

Кид исто така истакна дека случајот на згрутчување на крвта е веројатно поврзан со вакцината, но оти ризиците од сериозни несакани ефекти сè уште се многу мали.

Тој рече дека поради безбедносни причини, здравствените регулаторни тела ќе продолжат да ја следат ситуацијата и оти нивните нови препораки се очекуваат следната недела.

Можни компликации со употребата на вакцината на „Астра зенека“ може дополнително да ја забават веќе одложената акција за имунизација во Австралија, која најмногу се потпира на оваа вакцина.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This