Австрија гo cтaвa цeл Зaпaдeн Бaлкaн нa „зeлeнaтa“ лиcтa зa пaтyвaњe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сите земји од Западен Балкан од четврток ќе бидат ставени на епидемиолошката „зелена“ листа на Австрија.

Како што е најавено во Виена, со уредба која стапува во сила в четврток, граѓаните на сите земји од Западен Балкан ќе можат да влезат во Австрија. Досега само Србија и Македонија, како и Албанија, беа на „зелената“ листа, а сега ќе се наоѓаат и Босна и Херцеговина, Црна Гора и Косово.

Патниците кои пристигнуваат од земјите на „зелената“ листа можат да влезат во Австрија без карантин доколку имаат сертификат за извршена вакцинација, со вакцини признати од Европската агенција за лекови (Фајзер, Астра Зенека, Модерна и Џонсон и Џонсон) и Светската здравствена организација (кинеските Синофарм и Синовак).

Руската вакцина Спутник В не е прифатена од австриските власти.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This