Австрија ја затвори границата за Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

И покрај препораките на Советот на ЕУ за отварање на границите, Австрија одлучи да не ги отвори границите за граѓаните од Западен Балкан.

Сите граѓани- австриски државјани или странци со престој во Австрија- кои се враќаат од тие земји и територии, мора да одат во двонеделен карантин, односно да направат ПЦР тест.

Оваа мерка може да предизвика големи проблеми за граѓаните со потекло од Западен Балкан, бидејќи многу компании своите вработени ги предупредија, ако патуваат во некоја од земјите кои се на листата која ја направи Министерството за внатрешни работи на Австрија, ќе се соочат со работно-правни последици.

Министерот за надворешни работи на Австрија, Александер Саленберг, вели дека Советот на ЕУ ја усвоил препораката, која врз основа на детална анализа ја објави Австрија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This