Австрија ќe пpeнacoчи 651.000 дoзи oд вakцинитe oд ЕУ за зaпaдeн Балкан, 119.000 зa Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Австрија соопшти во вторникот дека планира до август да испрати 651.000 дози од вакцината против коронавирусот на производителот „Pfizer/BioNTech“ во шест земји од западен Балкан, од кои 119.000 во Македонија, во рамките на програмата на Европската унија со која им се помага на соседните земји и Африка.

Вакцините ќе бидат дистрибуирана од почетокот на мај според тоа на која од овие земји им се најмногу потребни. Покрај споменатото количество за Македонија, најголем удел од 240.000 дози ќе бидат испратени за Босна и Херцеговина, па за Албанија 145.000, а Србија која најдалеку отиде во имунизацијата своето население ќе добие 36.000 дози од вакцината против Covid-19.

Европската комисија во јануари ги објави плановите за механизмот за споделување на вакцините. Австрија притоа потврди дека ќе дејствува како координатор на механизмот за западен Балкан, а дека по првата дистрибуција на дозите бо можело да следува и втора.

Србија ја има една од најголемите стапки на вакцинирање во Европа, но четирите други земји од поранешна Југославија кои исто така не се во ЕУ, како и Албанија, се многу понеуспешни во имунизацијата. Недостигот од вакцини против коронавирусот засега само во Босна и Херцеговина предизвика до големи улични протести.

„Со оваа иницијатива покажуваме дека не го оставаме настрана овој регион“, изјави австрискиот министер за надворешни работи Александер Шаленберг на прес-конференцијата. Неговата земја, наследничка на царството кое некогаш се протегаше длабоко на Балканот, настојува и денес да одржува блиски односи со земјите во регионот.

Австрија поседуваше во договорите меѓу производителот на американско-германската вакцина на „Pfizef/BioNTech“ и земјите кои треба да ја добијат, соопшти тамошното министерство за надворешни работи и Виена плаќањето на овие вакцини ќе ги премости со сопствени 11 милиони евра. Дозите од вакцината ќе бидат платени од фондот за помош на земјите кандидатки за членство во ЕУ или за потенцијалните кандидатки.

„Притоа нема врска со снабдувањето на вакцините во Австрија и другите земји членки на ЕУ. Овие дози не доаѓаат од националната квот. Тоа се дози кои ЕУ ескплицитно ги сочува на почетокот со цел да ги испрати на своите партнери“, изјави Шаленберг, чијашто влада се соочува со растечка фрустрација поради бавното вакцинирање на населението.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This